Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт

t

15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно момче во средното училиште Карин во Перт, Австралија.

Оваа информација дојде откако осмоодделенката Алина А.(14) утринава пукала во училиштето во Брјанско и ја убила Марија Н, ранила уште неколку момчиња, а потоа се самоубила.

Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот околу 10 часот по австралиско време, јавува 9news.

Тинејџерот со полесни повреди бил пренесен во болницата Ројал Перт.

Девојчето било примено во болница и добило соодветна нега.

Полицијата по настанот соопшти дека немало закана за другите ученици.

„Нема закана ниту за училиштето, ниту за пошироката заедница, ситуацијата е под контрола“, информираат од полицијата.

Директорот на училиштето преку писмо стапил во контакт со родителите во кое што наведува дека „полицијата брзо реагирала и нема причина за загриженост“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…

Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…