Тинејџер-мотоциклист е тешко повреден, се судрил со автомобил во Куманово
18-годишно момче од Куманово заврши во болница со тешки повреди откако се судри со автомобил на улица во градот, соопшти МВР.
„На 22.05.2025 околу 20:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(50) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(18) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…