Објавено на:

Тинејџер планирал киднапирање на Мбапе

t

Француската јавност е вознемирена по откривањето на истрага за криминална група која, наводно, планирала серија киднапирања и напади врз богати и познати личности.

Меѓу потенцијалните жртви, според „Ле Паризиен“, се наоѓал и Килијан Мбапе, ѕвездата на Реал Мадрид и француската репрезентација.

Како главен осомничен е идентификуван 18-годишниот Клемон Л., кој според истрагата бил организатор на повеќе криминални активности. Во плановите, покрај Мбапе, наводно биле и познат рапер и неколку богати претприемачи.

Истрагата опфаќа настани од април до август на повеќе локации во Франција. Главниот осомничен е уапсен и се наоѓа во притвор, додека неговиот наводен соучесник е под судски надзор.

Француските власти случајот го третираат со особено внимание поради сериозноста на наводните планови и бројот на потенцијалните жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе…

Денес стоиме пред историјатa на еден народ…

ММФ предупредува: скапата енергија и растечкиот долг…

Војната на Блискиот Исток, високите цени на…

СЗО уште чека информација од Русија за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…