Тирана реагира зошто не се интонирала и албанската химна на настан во Пустец, каде што присуствуваше и Мицкоски

t

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира зошто покрај македонската не е изведена и албанската химна на вчерашниот фолклорен настан во Пустец – „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Во соопштението за медиумите, Министерството вели дека иако настанот бил организиран од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери му давало посебна јавна димензија.

„Во овој контекст, неизведувањето на албанската државна химна претставува сериозен пропуст и отстапување од пишаните и непишаните правила на учтивост и протокол, кои бараат и наложуваат почитување на националните симболи, покрај оние на заедниците што ги претставуваат“, се наведува во соопштението.

Исто така, се наведува дека почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување и се додава дека тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, „пред сè, меѓусебната почит, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети“.

„Во Пустец, како и во секој дел од Република Албанија, почитувањето на националните симболи е дел од почитта кон самите граѓани, кон вредностите на демократскиот соживот и граѓанската култура што нè обединува. Тоа, исто така, е темел на добрососедството и здравите односи меѓу луѓето и нашите држави“, се наведува во соопштението.

Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа, каде што присуствуваше на фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор. Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.

„Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас“, посочи тој во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тирана реагира зошто не се интонирала и…

Министерството за Европа и надворешни работи на…

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…

Македонски национален совет: Споменикот „Мајка Македонија“ не…

Македонскиот национален совет објави дека иницијативата за…

(Фото) Македонци во Пефкохори останаа без регистарски…

Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено…