Тито Петковски смета дека Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост
Претседателот на парламентот Талат Џафери не е надлежен да цени уставност и законитост, тоа е во рацете на Уставниот суд, вели за МКД.мк поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски во врска со одлуката на Џафери да ја отфрли иницијативата на одржување на референдум, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието е само прв меѓу еднаквите пратеници и тој ги потпишува актите во името на Собранието. Не само од правен и деловнички аспект, туку и од демократски аспект е добро одлучувањето да се постави на седница на Собранието, секако, откако собраниските комисии ќе предложат став за кој потоа на пленарна седница ќе се носи одлука. Многу е битно од демократски аспект пратениците да одлучуваат бидејќи Собранието е местото каде се носат најкрупните одлуки врз основа на политичка дебата. Не треба никој да се става над Собранието, во случајот претседателот. Од формално правен аспект нема пречка барањето да се стави пред Собранието и тоа да се произнесе”, вели Петковски за „МКД.мк“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…
Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…
Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…
На четирите тинејџерки против кои се водеше…
Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…
Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…
За да нема голем ценовен скок на…
Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…
Битолчанка физички нападната и психички малтретирана од…
На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР…