Објавено на:

Ти-Џеј Шортс: Одиме да ги победиме сите во Талин!

t

Македонската кошаркарска репрезентација конечно е речиси комплетна, откако по приклучувањето на Ненад Димитријевиќ и Војдан Стојановски, вчера на тренинзите се појави и натурализираниот Американец, Ти-Џеј Шортс, кој беше најдобар во жолто-црвениот табор на последните четири средби од претквалификациите за ЕП 2025.

Искусниот плејмејкер е оптимистички расположен во пресрет на претквалификациската фаза за пласман на ЛОИ 2024 во Париз, во која нашата селекција прво ќе настапи во група во Талин против Естонија, Израел и Чешка. Најдобрите две репрезентации ќе продолжат во полскиот град Гљивице, каде би ја играле завршницата заедно со двата најдобри тима во групата со Полска, БиХ, Унгарија и Португалија.

„Среќен сум што се вратив во репрезентацијата, екипата и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар во Талин ќе одиме на победа. Добро е што во тимот имаме искусни кошаркари, но и млади и талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде“, изјави Шортс.

Македонија првиот меч во Талин ќе го одигра на 12 август против Израел, ден потоа е дуелот со Естонија, а на 15 август ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Чешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…