Објавено на:

Тлото не престанува да се тресе: Серија земјотреси во Шпанија

t

Серија земјотреси денеска ја потресе Гранада во јужна Шпанија, при што најсилниот достигна магнитуда од 4,8. Во потресите се повредени најмалку три лица, меѓу кои и малолетно лице кое било пренесено во болница.

Силните потреси предизвикале паника меѓу жителите, а службите за итна помош примиле повеќе од 50 повици. Дел од граѓаните ги напуштиле домовите и објектите, а превентивно биле евакуирани и луѓе од неколку јавни и комерцијални објекти.

Пријавени се материјални оштетувања на повеќе места, меѓу кои пукнатини на ѕидовите, паднати делови од фасади и предмети на улиците. Седум улици биле оградени поради потенцијална опасност за минувачите, додека надлежните вршат проверки на објектите.

Сеизмичката активност предизвикала мерки и во историскиот комплекс Алхамбра. Од безбедносни причини, посетителите биле евакуирани од делови на комплексот, вклучително и од Алказабата и Назариските палати, додека се проверува состојбата на објектите.

Потресите следуваат само неколку дена по земјотресот со магнитуда околу 5 што ја погоди областа во близина на Алхендин на 15 август. Од 14 август во провинцијата биле регистрирани повеќе од 150 земјотреси.

Само денеска во период од еден час биле регистрирани шест потреси, од кои пет во интервал од околу 20 минути. Покрај најсилниот од 4,8, регистрирани биле и последователни потреси со магнитуда до 4,2.

Регионалните и локалните власти го активирале планот за итни ситуации поврзани со земјотреси и ги засилиле безбедносните мерки. Градоначалничката на Гранада, Марифран Карасо, повикала на смиреност, додека службите продолжуваат со проверките на објектите и инфраструктурата. објави Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезни анкети и „Полимаркет“ предвидуваат победа на…

Според процените на платформата за предвидувања „Полимаркет“,…

Вучиќ: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата…

Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Обединета…

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…

Студентите повикаа граѓаните да не одат во…

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ соопшти дека,…

Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во…

Во Тирана, за време на студентскиот протест,…