,,Тоа не е сè што можевме да направиме“
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека нападите биле делумно одговор на нападот врз Црноморската флота во Севастопол во саботата.
„Делумно да“, одговори Путин на прашањето дали вчерашните масовни напади врз енергетските капацитети во Украина може да се сметаат за одговор на неодамнешните настани во Севастопол.
„Но, тоа не е сè што можевме да направиме“, рече Путин, пренесува Интерфакс.
Според него, нападот на бродовите на Црноморската флота на Русија создаде закана за воените и цивилните бродови, кои учествуваат во договорот за извоз на жито, бидејќи, според него, беспилотните летала, подводни и воздушни, со кои е извршен нападот делумно го користеле коридорот преку кој се извезува жито од Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од Скопје без струја – ова…
Голем дел од Скопје вежерва остана без…
Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања,…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Европската комисија да…
Еве кои се компаниите за брзи кредити…
Скопското Тиго и тетовското Фикс кредит, дознава…
Трамп најави нови царини за 13 земји…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предложи…
(Фото) Професорот Фрчковски меѓу присутните: Протест на…
Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание,…