Тоа што Македонија, Србија и Албанија заеднички се претставуваат на саем на вино значи дека “Отворен Балкан” дава резултат

t

Отворен Балкан“ се базира на добра волја и на добрите односи на трите земји основачи – Македонија, Албанија и Србија и тоа не е политичка, туку економска иницијатива која е поставена на истите основи на кои се базира и ЕУ за слободен проток на луѓе и економска соработка, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Обраќајќи се на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама по нивната трилатералната средба во местото Бардолино во близина на италијанскиот град Верона, каде се одржува саемот за вино „ВинИтали“, Ковачевски нагласи дека тоа што трите земји заедно се претставуваат на оваа саемска манифестација е доказ дека „Отворен Балкан“ дава резултати. Премиерот нагласи дека овој Саем преставува можност за винариите од регинот за промоција на своите производи, но и за привлекување на инвеститори, додавајќи дека винскиот сектор е посебно важен за земјава која е втор извозник на вино на Балканот по Грција.

Ковачевски потенцираше дека придобивките од „Отворен Балкан“ се видливи и во порастот на трговската размена меѓу трите земји, но како што нагласи, за нејзино понатамошно зголемување, потребно е отстранување на границите. Не ни требаат тие граници затоа што не спречуваат да извезуваме меѓу себе, порача Ковачевски, нагласувајќи дека во моментов единствени граници во Европа се оние на Балканот.

Ковачевски потенцира дека заедничката соработка во рамките на „Отворениот Балкан“ дава резултатите и за луѓето и за бизнисите од трите земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог за враќање на воениот рок во…

Оценка и предлог за враќање на обврската…

Вучиќ: Ќе му покажеме на светот како…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…

Советот за безбедност на ОН денеска расправа…

Седницата на Советот за безбедност на Обединетите…

Земјотрес во Србија!

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…

Србите меѓу земји со најевтина струја во…

Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…