Објавено на:

Тоа што Путин го прави со бомби, Бугарија го прави со блокади на Македонија

t

„Бугарија го негира македонскиот идентитет. Ова е основата на бугарските позиции за Македонија, тие негираат. Ова е суштината нивните позиции, негирањето. Може да кажуваат што сакаат, но има конзистентен обид и напор да го негираат македонскиот идентитет. Тоа е целта да го оспорaт идентитетот и да создадат поттик за македонските граѓани тука со бугарско државјанство и така да го оспорат во свое време. Бугарската основна позиција не е сменета, позицијата за историјата не е сменета“, изјави Едвард Џозеф, експерт за Балканот и предавач на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, во интервју за емисијата „Агенда35“ на МТВ.

Тој го повтори својот предлог САД да го афирмираат македонскиот идентитет, преку посебен договор меѓу САД и Македонија, билатерален културен документ во рамките на стратешкиот дијалог што ќе го афирмира идентитетот, затоа што ова веќе е проблем и на НАТО и на САД.

„НАТО-членкатa Бугарија ја користи својата позиција на ЕУ членка за ефективно да врши идентитетска агресија што е форма на агресија врз друг НАТО сојузник. Не може ова да го имаме во НАТО, овој тип е на агресија е сличен на она што го прави Русија во Украина кога и вика дека се вештачка држава, тоа го прави Бугарија, ви вика вие сте вештачка нација, вие сте Бугарија, вашиот јазик е бугарски, вашата историја до 1944 е бугарска. Ние велиме дека тоа е неприфатливо. Путин го прави тоа со бомби, Бугарија со блокирање. Ова е проблем на НАТО затоа што една членка врши агресија на друга. Но ова е и проблем на САД. Затоа што претседателот Румен Радев и други во бугарскиот парламент и функционери го користат ова прашање за агенда што е во сојузништво со Путин, оние кои го користат ова прашање во Бугарија се сојузници на Путин. Затоа е проблем и за САД“, рече Џозеф.

Околу можните потези на македонските власти, тој рече оти Бугарија го поткопува македонскиот идентитет и дека премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски треба да одлучат каква позиција ќе заземат и што ќе им објаснат на граѓаните на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…