Тодор Петров и СМК со реакција за процесот на гетоизација на Албанците
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
“АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ“ ПРЕТСТАВУВА АНЕМИЧЕН ОБИД ЗА НАТАМОШНА СЕГМЕНТАЦИЈА И ГЕТОИЗАЦИЈА НА АЛБАНЦИТЕ, НАМЕСТО НИВНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА!
28 јули 2024 година, Тетово, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неодржлива и неприфатлива ја смета иницијативата на коалицијата “Вреди” за општинско финансирање на здружението именувано како “Албанска академија на науките и уметностите”, подоцна и на сметка на државниот буџет, бидејќи претставува анемичен обид за натамошна сегментација и гетоизација на Албанците наместо нивна интеграција во општеството и државата, со единствена цел – бинационална држава и етничко разграничување по сите основи и на сите нивоа, што е во спротривност со основите на Охридскиот договор од 13 август 2001 година: унитарност и почитување на етничкиот и верскиот баланс во државата, затоа што не постојат територијални решенија за етничките прашања!
СМК смета дека токму формирањето на “Албанска академија на науките и уметносите” на етничка основа во Македонија претставува девалвација на науките и уметностите!
СМК потенцира дека македонските даночни обврзници не можат да финансираат академии на сите национални малцинства во државата, доволна е една државна Академија на науките и уметностите за сите!
СМК потсетува дека големината на една цивилизација е во унивезалноста на нејзините вредности. А, основни вредности на македонската цивилизација на којашто сите ние заедно припаѓаме се: мирот и љубовта наспроти војната и омразата; толеранцијата и коегзистенцијата наспроти дискредитацијата и сегрегацијата; и културната глобализација што подразбира интергација со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративната глобализација која врз профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР деновиве со засилени контроли, оставете ги…
Од 5 до 11 октомври, во рамки…
СДСМ: Фон дер Лајен потврди дека нема…
СДСМ ја обвини Владата дека повторно создава…
ТРАМП СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Иран можел да…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја брани…
МВР со детали за мажот смртно прегазен…
77-годишник од велешко село е починатиот пешак…
ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Германија ризикува…
Шефот на германската Федерална разузнавачка служба БНД,…