Објавено на:

Толку беше – Курти попушти: Избори во четири општини на северот на Косово ќе се одржат наесен

t

Во интервју за Радио-телевизија Словенија на Блед, каде што учествува на Стратешкиот форум, освен за организацијата на изборите во четири општини на север, Курти зборуваше и за формирањето на ЗСО, за казнените мерки наметнати од ЕУ за Приштина и повторно го критикуваше Белград, јавуваат приштинските медиуми.

Тој тврди дека властите во Белград „прават се за да ги спречат Србите на север да се интегрираат“, поради што, како што вели, му е потребна помош од меѓународната заедница, особено од Европската унија.

„Имаше некои санкции за нашата демократска земја, поради ситуацијата на северот, за која немаме одговорност, таму се бориме против насилниот екстремизам, бидејќи беа нападнати војници на КФОР, граѓани и новинари. Вистина е дека граѓаните и бизнис заедницата страдаат од овие мерки, но и државните органи во однос на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која е блокирана. Сите грантови се суспендирани, а отстранувањето на овие мерки е вистинската работа што треба да ја направи ЕУ“, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…