Толку беше од помошта: Бајден не ја исклучува можноста за територијални отстапки од страна на Украина

t

Американскиот претседател Џо Бајден не ја исклучи можноста Украина да мора да отстапи дел од својата територија на Русија за да ја заврши војната со Москва, оценува „Њујорк пост“ (NYP), цитирајќи изјава на претседателот.

Њујоршкиот весник го пренесува обраќањето на Бајден, при што еден од новинарите го прашува „дали Украина ќе мора да даде дел од територијата за да се постигне мир“.

„Од почетокот реков и секогаш ќе кажувам, а нема сите да се согласат со мене: ништо за Украина не е можно без Украина. Тоа е нивна територија. Нема да им кажувам што да прават или да не прават“, одговорил Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку беше од помошта: Бајден не ја…

Американскиот претседател Џо Бајден не ја исклучи…