Толку од радостата: Oд ноќеска ново поскапување на горивата!
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 20.04.2022 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит и ќе изнесува 84,50 ден/лит.
Од 22.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 0,086%, кај дизелот има зголемување за 0,807%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,890% и кај мазутот зголемувањето е за 0,031%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,065%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од девојче кое живеело во дрвена куќа…
Доли Партон не беше само една од…
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Пет активни пожари на отворено, три се…
На територија на државата денеска до 18…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…