Толку од стабилноста на регионот – Додик: Не постои пат на БиХ кон НАТО

t

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој присуствуваше на полагањето свечена заклетва на новоизбраните членови на Претседателството на БиХ во Сараево, изјави дека патот на Босна и Херцеговина кон НАТО не постои, дека нема договорен став за нешто такво и дека се што кажал Жељко Комшиќ во своето обраќање е „чиста лага“.

Коментирајќи ги пораките на хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Додик на Твитер напиша дека постои само соработка. Додик додава дека Комшиќ со неговото надмено однесување и еднострано истапување уште еднаш покажал каква ќе биде неговата политика и во иднина.

Тоа е политика на лаги, подметнувања и срам за БиХ на меѓународно ниво“, напиша Додик.

Додик истакнува дека поради лагите на Комшиќ, искажани во неговиот говор ја напуштил конститутивната седница на Претседателството на БиХ додека тој говорел.

Жељко Комшиќ не е избран од граѓаните и граѓанките, како што лажно тврди, туку е избран од дел од Федерацијата, и тоа не од тој што требаше да биде – хрватскиот народ, како што налага Уставот на Босна и Херцеговина, туку од бошњачкиот народ“, напиша Додик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО: Србија сама треба да одлучи какви…

На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку…

НАТО ја презеде од САД координацијата на…

НАТО ја презеде координацијата за западната воена…

Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…

Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…

ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…

Организацијата за безбедност и соработка во Европа…

Трамп: Ако членките ни плаќаат и бидат…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави под…