Томовски е нов директор на СОЗР, Николовски на Царина

t

Владата на Република Македонија донесе повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции. Дел од нив се и Службата за општи и заеднички работи и Царинската управа. Првата институција ќе ја води Ивица Томовски, а втората Бобан Николовски.

Ивица Томовски – директор на Службата за општи и заеднички работи

Томовски има магистратура по менаџмент на човечки ресурси и долгогодишно професионално искуство во деловното работење, консалтинг услуги и менаџирање во приватниот сектор. Томовски е поранешен управител на ЕЛЕМ Турс и има стекнато обуки на повеќе интернационални школи за менаџмент на човечки ресурси.

Бобан Николовски – директор на Царинската управа

Николовски доаѓа од позицијата пратеник во македонското собрание и има 15 години работно искуство во Царинската управа, вклучувајќи и работа како директор на ЈП „Куманово план“. Тој има магистратура по бизнис и поседува десетици обуки и лиценци за царинско работење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…