Тони Манев е првиот Македонец што истрча ултрамаратон на швајцарските Алпи
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев испиша историја како првиот Македонец што успешно го заврши ултрамаратонот Crossing Switzerland 400K, совладувајќи 400 километри низ швајцарските Алпи.
На исклучително тешката трка, која вклучува околу 25.000 метри вкупно искачување, Манев ја мина целната линија во Монтре со време од 162 часа, 20 минути и 24 секунди, завршувајќи ја трката во рамките на предвидениот временски лимит од 176 часа.
Тој повеќе од шест дена непрекинато се движеше по планинската рута, а на крајот го освои 181. место во генералниот пласман, меѓу 194 натпреварувачи кои успеаја да стигнат до целта, од повеќе од 400 пријавени учесници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тони Манев е првиот Македонец што истрча…
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев испиша историја како…
Ултрамаратонецот Тони Манев на 6 јули ќе…
Ултрамаратонецот Тони Манев од Штип веќе шест…
Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…
Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…