Тони Михајловски: Смее ли некој да направи филм за “конфликтот” во 2001, за Вејце, Смилковско? Ние сме по смешките, се смееме, а нив мува не ги лази

t

Актерот Тони Мигајловски на неговиот Фејсбук профил поставува неколку прашања до македонската јавност, поврзани со реакциите на јавноста во врска со актуелни прашања, меѓу кои и Гоце Делчев.

Михајловски прашува дали има емисија која ги учи младите Македонци за нашата азбука, кога последен пат лик на Гоце Делчев се појавил во филм и дали некој смее да сними филм за конфликтот во 2001 година.

Го пренесуваме неговиот Фејсбук статус во целост:

– Која емисија во моментов, на било која телевизија, им ја претставува македонската азбука на младите Македонци? Бушава е забранета да се емитува заради авторски права. Кој е последниот филм во кој се појавил макар на кратко ликот на Гоце Делчев? Маичка не се рачуна. Смее ли некој да направи филм за “конфликтот” во 2001, за Вејце, за Карпалак, за Радуша, за Смилковско? Очигледно не. Ние сме по смешките. Дури ние се смееме на Видео наместо Видое, тие си тераат и мува не ги лази. Уште аплауз недостасува, напиша Михајловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…