Топлотен бран кон крајот на септември: Tемпературите ќе се искачат до 30 степени
Топло време со температури значително над просекот се очекува во голем дел од Европа во завршницата на септември, а според прогнозите, затоплувањето би можело да продолжи и во првите денови од октомври.
Причина за ваквата временска состојба е силната област со висок воздушен притисок што се очекува да се формира над континентот. Таа ќе овозможи продор на топол воздух од Медитеранот и Северна Африка кон северните делови на Европа.Во западна, централна и северна Европа температурите на височина би можеле да бидат дури 8 до 12 степени над вообичаените вредности за овој период. На земја, во повеќе подрачја температурите ќе надминат 25 степени, а локално би можеле да достигнат и 30 степени.
Топлиот воздух постепено ќе се проширува и кон Балканот. Во северна Италија и централниот Балкан се очекуваат температури од 28 до 30 степени.
Затоплувањето ќе биде почувствувано и во Македонија. За недела, 27 септември, прогнозите покажуваат максимални температури од 20 до 27 степени, додека до вторник, 29 септември, во одредени делови од земјата температурите би можеле да достигнат околу 30 степени.
Најголеми отстапувања од просечните температури се очекуваат во северниот и централниот Балкан, Грција, како и во делови од Италија, особено во долината на реката По и Тоскана.
Во меѓувреме, најизразено топло време ќе има на Иберискиот Полуостров. Во централна и јужна Шпанија и Португалија температурите ќе надминат 35 степени, а на одредени места би можеле да се приближат до 40 степени. Во делови од Франција се очекуваат температури околу 35 степени.
Топлиот воздух ќе се прошири и кон Германија, Полска и балтичките земји, каде што во одредени области температурите би можеле да достигнат близу 30 степени.
Спротивно на тоа, западна Ирска, Шкотска и југозападна Норвешка ќе бидат под влијание на влажен атлантски воздух. Таму се очекуваат пообилни врнежи, а локално до почетокот на октомври би можеле да паднат и повеќе од 150 милиметри дожд.
Според достапните прогнози, периодот со натпросечно високи температури би можел да се задржи до почетокот на октомври, кога зоната на висок воздушен притисок дополнително би се проширила кон северните и источните делови на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…