Објавено на:

Топлотниот бран и сушата го уништија европското земјоделство

t

Серија интензивни топлотни бранови и суша што брзо се шири низ континентот ги доведоа европските земјоделци во криза без преседан. Производителите на храна од Франција и другите европски земји предупредуваат на драстичен пад на овогодeшниот род, а развојот на растенијата е речиси целосно запрен поради екстремните температури што редовно надминуваат 35 степени Целзиусови.

Во Франција производството на зеленчук бележи историски пад во споредба со претходните години. Според официјалните податоци од одгледувачите, приносите кај тиквичките се намалени за 25 проценти, кај салатата за 35, а кај грашокот за 40 проценти. Најтешко се погодени брокулата со пад од 60 проценти и артичоките, каде што губењето на производството изнесува помеѓу 50 и 100 проценти.

Екстремните услови на нивите се резултат на забрзаното глобално затоплување и влијанието на феноменот Ел Нињо. За разлика од претходните години кога загубите во еден регион се компензираа со подобар принос во друг, ова лето топлотниот бран истовремено ги зафати сите клучни земјоделски подрачја во Европа.

Покрај зеленчукот, сериозни штети претрпеа и житните култури, а сушата и топлотните согорувања се закануваат дополнително да ги намалат заштедите на сточна храна и финалните приноси од пченка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…