Топло време и натпросечни температури уште денес – од утре ни доаѓа ВИКЕНД РАЗОЧАРУВАЊЕ

t

Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. УВ=7

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

Во Скопје сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела во претпладневните часови ќе има повремен локален дожд и ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури. Од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…