Топ 5 овошки на листата за нутритивни придобивки
Исхраната богата со овошје и зеленчук може да го намали ризикот од срцеви заболувања, рак, воспаление и дијабетес. Тоа е одличен извор на есенцијални витамини и минерали, а изобилува и со растителни влакна.
Ова се дел од најхранливите овошја што треба да ги консумирате:
1.Лимони
Тие се цитрусно овошје што често се користи во традиционални лекови поради здравствените придобивки.
Цитрусните овошја меѓу кои и лимоните, содржат активни компоненти наречени фитохемикалии што вклучуваат:
витамин Ц
фолна киселина
калиум
пектин
2.Јагоди
Јагодите се црвено овошје со висока содржина на вода и многу витамини и минерали . Семињата обезбедуваат многу диетални влакна по порција.
Поврзани објави
Еве зошто животот е посладок кога шеќерот е сведен на…
5 знаци дека не внесувате доволно вода во организмот
Годините се само број за оние кои знаат да го чуваат…
Дали пребирливото јадење е генетско? Истражувањата го…
Од особено значење, тие содржат хранливи материи кои може да помогнат во зајакнувањето на здравјето на срцето.
3.Портокали
Портокалите се меѓу најбогатите извори на витамин Ц, а едно средно овошје обезбедува 78% од дневната потребна вредност на витамин Ц за една личност. Дополнително содржат и витамин А, важно за здрава кожа и вид, и витамини од групата Б кои помагаат во одржување на здравиот нервен и репродуктивен систем.
4.Капини
Капините содржат многу семиња, па затоа имаат висока содржина на влакна. Ова значи дека тие може да помогнат во подобрувањето на здравјето на цревата и здравјето на срцето.
5.Банани
Бананите се добро познати по нивната висока содржина на калиум. Калиумот му помага на телото да го контролира крвниот притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот –…
Преговорите за формирање влада на национално единство…
Скопјанец тешко повреден додека работел во Македонска…
На 29.09.2025 во 20:44 часот во СВР…
Русија нападна фабрики на „Филип Морис“ и…
Руските вооружени сили извршиле напади врз фабриките…
Моника Зајкова реизбрана за претседателка на ЛДП,…
Делегатите на Деветото изборно собрание на Либерално…
Пронајден починат маж во скопско Волково
На 28.11.2026 во 14:50 часот во СВР…