Објавено на:

Торнадо го погоди Бразил, пет мртви и над 100 повредени

t

Торнадото што ја погоди сојузната држава Парана во Бразил одзеде најмалку пет животи, а над 130 лица се повредени, соопштија тамошните власти.„

„Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу“, се вели во соопштението.

Локалната метеоролошка служба објави дека торнадото превртело автомобили и оштетило куќи во Рио Бонито до Игуасу, а спасувачката служба изјави дека според првите извештаи, „30 лица се сериозно или умерено повредени, а околу 100 се здобиле со полесни повреди“, објавува порталот Баронс.

Ветровите во Рио Бонито до Игуасу, град со 14.000 жители, достигнаа брзина помеѓу 180 и 250 километри на час, според податоците од Системот за технологија и мониторинг на животната средина на сојузната држава Парана.

Гувернерот на Парана, Ратињо Жуниор, на платформата X објави дека „безбедносните сили се во состојба на готовност, мобилизирани и ги следат градовите погодени од силните бури“.

Предупредување за опасни бури е во сила за цела Парана, како и за јужните држави Санта Катарина и Рио Гранде до Сул, соопштија метеоролозите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно торнадо во Полска оштети куќи и…

Силно торнадо е пријавено во Полска, откако…

Поплавите во Бразил однесоа 46 животи

Катастрофални поплави и разорни одрони на земјиштето…

Пет полицајци загинаа во најсмртоносната рација за…

Цивилната полиција на Рио де Жанеиро потврди…

Поранешниот претседател Болсонаро е уапсен во неговата…

Жаир Болсонаро, поранешниот претседател на крајната десница,…

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе,…

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба…