Тошковски: За 24 часа детектирани 110.000 прекршоци само во Скопје – ќе се казнуваат и високите функционери
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека за 24 часа од пуштањето во пробна употреба на системот „Сејф Сити“, се детектирани 110.000 прекршоци само на територијата на Град Скопје.
Според Тошковски, најголем дел од нив биле поради прекорачување на брзината.
„Не велам дека Сејф Сити е идеален, сигурно ќе има одредени елементи кои ќе мора да ги докорегираме, и ќе видиме дека може и подобро. Отворени сме да постапиме во насока на подобрување на системот. 110.000 прекршоци во Скопје се регистрирани во 24 часа, 5000 прекршоци за црвено светло, 90% од прекршоците се пречекорување на брзина“, рече Тошковски.
Тој кажа дека во следниот период ќе се одлучи колкава ќе биде толеранцијата на прекорачување на брзината.
„Има земји во Европа каде што нема толеранција, има земји каде што толеранцијата е 10% од дозволената брзина. Ќе разговараме во идниот период и ќе одлучиме“, изјави Тошковски.
Во врска со странските автомобили, Тошковски кажа како тие ќе бидат казнувани.
„Ниту странските возила нема да бидат исклучени од детектирани, имаме утврдено правила и процедури како ќе се констатираат прекршоците. Странските возила при излез од Македонија не може да бидат спречени да излезат, но ќе бидат информирани дека нема да може да влезат во Македонија следниот пат ако не си ја платат казната. Тоа го имавме во предвид, и мислам дека понудивме соодветен одговор“, вели Тошковски.
Министерот кажа дека во изминатиот период биле казнети тројца министри.
„Ќе бидат казнувани министри. Јас знам дека во изминатиот период веќе се казнети најмалку тројца министри. Имињата не би ги кажувал сега. Додека министрите се возат службено и со полициска придружба не може да бидат казнувани, но и ние возиме приватни возила, и верувајте дека ниту ние нема да бидеме поштедени од одговорност“, рече Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…