Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на ниту една гранична камера

t

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова од Кочани покажала дека таа не е евидентирана ниту при влез или излез од државата на македонските гранични премини, ниту на камерите на безбедносните системи во земјава во критичниот период, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на тв Сител.

Тој посочи дека првичните информации добиени и од бугарската гранична полиција биле дека нема евиденција за влез или излез на Михајлова од Бугарија во текот на 2026 година.

Според Тошковски, ниту една од камерите и безбедносните системи со кои располагаат македонските институции не го регистрирала нејзиното движење во критичниот временски интервал – од вечерта кога била забележана во локал во Кочани до моментот кога се појавила во медиумите во Бугарија.

-Досегашниот дел од истрагата потврди дека не само што ја нема во македонските евиденции за влез и излез во текот на 2026 година, туку и првично бугарската гранична полиција ни потврди дека нема евиденција за нејзин влез или излез во текот на оваа година. Ниту на една од камерите, ниту на еден од системите што ги имаме не е детектирана – рече Тошковски.

Осврнувајќи се на шпекулациите и информациите што се шират во јавноста за наводна улога на полициски службеници во нејзиното заминување, Тошковски рече дека досегашните сознанија не упатуваат на такво нешто.

-Ова лице, заедно со другото лице, во тој критичен временски интервал не е регистрирано на ниту една од камерите. А камоли полициските службеници да ја поздравуваат, да ја величаат и да зборуваат колку е значајна за светот, како што се обидува да се наметне со пропагандата што, за жал, се шири – изјави министерот.

Тошковски оцени дека суштинското прашање е начинот на кој Михајлова ја напуштила земјата, посочувајќи дека, според досегашните сознанија, таа не ја преминала легално државната граница преку официјален граничен премин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…

Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Иран предупреди дека ќе одговори и на…

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач…

Тензии во Норфолк: Морнарите од носачот „Џорџ…

Семејствата на морнарите од американскиот носач на…

САД ГИ ПРЕДУПРЕДИЛЕ ИЗРАЕЛ И ЗЕМЈИТЕ ОД…

Соединетите Американски Држави испратиле предупредување до Израел…