Тошковски мора да поднесе оставка бидејќи граѓаните не се чувствуваат безбедно, велат од СДСМ
Од опозициската партија реагираат дека синоќешното двојно убиство и самоубиство во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во земјава е целосно излезена од контрола
Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, маала, во своите домови, а министерот Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината – рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција во седиштетот на партијата.
Таа вели дека јавноста е сведок на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои се случиле во земјава изминатите години, а полицијата наместо да ги спречи нарко-клановите, ги штити.
„Системот е парализиран, криминалците управуваат со улиците, а власта со своето молчење и неспособност им овозможува тоа да се случува. Министерот Тошковски со месеци зборува за „намален криминалитет“, а Македонија секојдневно е потресена од убиства“,
кажа Кузеска.
Таа рече и оти пораката што ја добиваат граѓаните е дека животот им е помалку вреден од амбициите на власта и дека токму затоа Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, и тоа не од морални причини, туку бидејќи како што велат, е неспособен да ја гарантира безбедноста на своите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски мора да поднесе оставка бидејќи граѓаните…
Од опозициската партија реагираат дека синоќешното двојно…
Целата јавност го осуди насилството над Арсовска,…
Целата јавност го осуди инцидентот во кој…
Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони…
Последиците врз граѓаните од страшаната трагедија во…
СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални…
СДСМ најостро го осудува нападот врз официјални…
СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот…
За една година Владата на ВМРО ДПМНЕ…