Тошковски нареди внатрешна контрола за случајот со наводниот полициски напад

t

По објавите во дел од медиумите дека во средата, на 7 октомври, на подрачјето на Скопје две лица биле физички нападнати од полициски службеници при нивното постапување, а притоа им бил оштетен и автомобилот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски му наложил на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди да го испита случајот.

– Одделот презема мерки и активности за целосно утврдување на фактичката состојба и околностите на настанот, како и за утврдување на евентуална одговорност на инволвираните полициски службеници – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР најавуваат дека по утврдувањето на фактичката состојба ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи, а јавноста навремено ќе биде известена за исходот од постапката.

Во меѓувреме, Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска побара оставка од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, како и целосно расветлување на случајот.

Од партијата наведуваат дека станува збор за двајца млади на возраст од 21 и 23 години, кои, според нивните изјави, биле брутално малтретирани од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…