Соопштението изобилува со Северна: Тошковски оствари средба со американската амбасадорка Агелер

t

Денеска (01.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер.

Министерот Тошковски изрази благодарност кон амбасадорката на САД за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави постојано и ја дава на Република Северна Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата, со акцент на обуки на персоналот и набавка на опрема.

Како една од стратешките цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ќе биде фокусирано во следниот период министерот Тошковски ја посочи борбата против организираниот криминал и корупцијата, како приоритет што е еден од главните столбови на владината програма.

Амбасадорката на САД, Агелер му се заблагодари на министерот Тошковски за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и соработка и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Иран испратил…

Иран лансирал нов бран беспилотни летала насочени…

Пријавени проблеми со итниот број 911 низ…

Од Соединетите Американски Држави пристигнуваат извештаи за…

Мосад им помогнал на Македонија и на…

Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…

САД извршија напад врз иранска локација за…

Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…