Тошковски: Се сомневаме дека зад питачењето во Скопје стои организирана група
Министерството за внатрешни работи истражува дали зад питачењето на скопските улици стои организирана криминална група, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето во поткастот „На кавга со Иван“ на Канал 5.
Според Тошковски, постојат сомнежи дека дел од лицата кои питачат се организирани, но евентуалното постоење на криминална структура и улогата на поединците допрва треба да бидат докажани.
Тој посочи дека службите веќе постапуваат на терен. За лицата кои со питачењето го загрозуваат сообраќајот се преземаат мерки согласно Законот за безбедност во сообраќајот, додека одделно се проверува дали зад појавата стојат лица кои го организираат и контролираат питачењето.
Доколку сомнежите се потврдат, против одговорните ќе следуваат кривични пријави, најави министерот.
Од 1 октомври се спроведува засилена координирана акција на МВР и Министерството за социјална политика, демографија и млади, насочена и кон заштита на децата кои се затекнуваат како питачат.
Малолетниците затекнати на улица се носат на здравствени прегледи, по што надлежните центри за социјална работа одлучуваат за нивното понатамошно згрижување.
За оваа намена е обезбеден и дел од објектот „25 Мај“ во Општина Бутел, каде досега се сместени две деца. Надлежните тимови продолжуваат со секојдневни контроли на скопските крстосници.
Тошковски нагласи дека целта е паралелно да се утврди евентуална кривична одговорност на организаторите и да им се обезбеди заштита на децата кои се затекнати во питачење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…
Пожар во куќа во Карпош
Вчера изутрината бил пријавен пожар во куќа…
Двајца возачи уапсени за безобѕирно управување: Едниот…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Еве како победи ДУИ во Брвеница: Полн…
Гласачи од дијаспората дошле со авион за…
Почина Самка Ибраимовски
Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…