„Тој беше едно големо ништо! Првата исповед на Теодора по раскинувањето со кошаркарот
Пејачката Теодора Џехверовиќ во екот на раскинувањето со словенечкиот кошаркар Матиц Ребец ги откри деталите од врската и разделбата со своето поранешно момче Нино Челебиќ.
Теодора Џехверовиќ со години беше во врска со кошаркарот Нино Челебиќ, која на изненадување на многумина заврши неуспешно.
Пејачката досега не се огласила на оваа тема, со оглед на тоа дека уживала во романсата со Матиц Ребец, сепак, сега решила да проговори.
Како што рече, жали за врската со белградскиот спортист, а истакнува дека нивната врска била токсична.
– Мислам дека е погрешен за мене. Можеби тој е најдобар за некого, но за мене тој човек дефинитивно е погрешниот. Можеби ми е бесмислено сега вака да коментирам, од оваа гледна точка, но мислам дека тогаш не се ценев доволно. Мислам дека тоа беше моја грешка и затоа ја удрив главата во ѕид – ја започнува приказната Теодора, па додава:
– Таму не се случија лоши работи, само беше многу токсично. Едно ништо. Верувам дека кога една девојка ќе се заљуби, не треба да ја напушти кариерата, напротив, љубовта нè движи. Штом се повлечеш, баш и не е во ред. Тоа тогаш не беше љубов за мене. Тоа беше врска, но многу површна. Иако тогаш го мислев спротивното. Ако не се цените себеси, нема да ве ценат ниту другите. Тоа беше моја грешка и од таа причина не можам да очекувам да ме цени кога јас не го правев тоа. Генерално, манипулаторите од тој тип, таквите личности, тоа го насетуваат… Ја насетуваат жртвата и знаат каде да удрат.
– Мислам дека е во ред сите да поминеме низ тоа и колку и да ми беше тешко, во тој момент излегов од сето тоа многу постабилно – заклучи Теодора Џехверовиќ во подкастот „Постер“.
Да потсетиме, неодамна во медиумите се појавија информации дека Теодора Џехверовиќ ја прекинала врската со Матиц Ребец, а причина за тоа е двојниот живот на кошаркарот, односно девојката која цело време ја криел во Словенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…