Трагедија во Бугарија: Двајца загинаа, повеќемина се повредени во тешка железничка несреќа

t

Две лица загинаа, а шест се повредени откако два товарни воза директно се судрија во близина на Софија, јавија бугарските медиуми. Ова на новинарите им го соопшти директорот на Митрополитската управа за внатрешни работи (СДВР), главниот комесар Љубомир Николов. Според него, загинале машиновозачот на еден воз и вработен во БДЗ. Најверојатна причина за трагедијата е грешка во организацијата на сообраќајот.

Инцидентот бил пријавен во 15 часот и 48 минути. Се запалил една од локомотивите, пожарот е веќе изгаснат. Дел од композицијата излезе од шините. Еден од возовите превезувал отпад, а другиот мебел.

Едниот воз е на БДЗ, а другиот е во сопственост на приватен превозник и има вагони од контејнерски тип. Патувал од Божуриште до Бургас.

На местото на настанот се испратени четири екипи на брзата помош и полицијата. На лице место е и екипа која ја истражува тешката железничка несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…

СКАНДАЛ ВО БУГАРИЈА: Празна гимназија со фантоми…

Празни училници, речиси целосно отсуство на ученици…

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…