Трагедија во Бугарија: Пилот загина во авионска несреќа кај Лесново
Пилот загина по пад на авион кај Лесново во Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми. Според првичните податоци, авионот се урнал набргу по полетувањето околу 13 часот и 30 минути по бугарско време. Причината за несреќата се разјаснуваат. Пилотот имал 33 години, информираат медиумите.
„Луѓето викаа дека низ селото минува противпожарно возило, брза помош и полициска кола. Ме прашаа што се случува“, изјави за БТВ градоначалникот на село Лесново, Цвјатко Цветков.
Авионот е едносед и се користи за акробации во воздухот. Тој паднал во месноста „Побит Камак“.
Пилотот на урнатиот авион ги имал сите потребни документи за летот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…
И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…
Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…