ТРАГЕДИЈА ВО КАНАДА: Автобус удри во градинка, загинаа две деца
Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца.
Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба.
Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката.
Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече дека возачот работел за „Сосиете де транспорт де Лавал“ околу 10 години и немал никакви инциденти во неговото досие.
– Постои теорија дека се работи за намерно дело, но тоа допрва треба да биде потврдено од истрагата, рече Бојер.
– Моето срце денеска е со луѓето од Лавал. Ниту еден збор не може да ја отстрани болката и стравот што ги чувствуваат родителите, децата и работниците во градинка – но ние сме тука за вас. Моите мисли се со сите погодени од овој трагичен настан, напишаа канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…