Трагедија во Македонија: Загина младо момче – паднал од оџак
Дваесет и петгодишен жител на Крива Паланка почина вчера како последица од пад од оџакот од напуштен објект, соопштија денеска од МВР.
-На 15.07.2024 во 11.54 часот во Полициската станица Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив бил донесен починат Р.М.(25) од Крива Паланка. Според кажување на очевидци, околу 11.30 часот Р.М. бил забележан како стои на оџакот од напуштен објект на ул.„Единство“, од каде паднал, а по него паднала и бетонската конструкција на оџакот, по што веднаш повикале Итна медицинска помош, наведуваат од МВР.
Лекар констатирал смрт, увид бил извршен од екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…
(Видео) ВОЗИ СО НАД 200 КМ/Ч И…
Возење со брзина поголема од 200 километри…