Трагедија во Радовишко, маж загина, уште еден човек е во болница откако трактор излетал од патот
Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на земјен шумски пат во атар на село Козбунар, Радовишко, Л.К.(73) од село Штурово, Радовишко, управувајќи трактор „имт“ со приколка, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди бил пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебе од Куманово заврши во болница по…
Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…
Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…
На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…