Објавено на:

Трагедија во соседството: 22-годишник убиен од хрватски навивачи на Динамо во Атина пред мечот со АЕК

t

Дваесетидвегодишно лице, веројатно навивач на АЕК, беше избодено до смрт во инцидентите во Атина што доцна синоќа ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб во пресрет на денешниот натпревар на грчкиот и хрватскиот фудбалски тим, а повредени се осуммина, пет Грци и тројца Хрвати, и уапсени 96 лица, од кои 88 се во полиција, а осум повредени се во болница. Уапсени се 82 Хрвати, Австриец, Босанец, Албанец, Германец и двајца Грци.

Според неофицијалните информации, група од околу 150-200 навивачи на Динамо Загреб, и покрај забраната за присуство на навивачи на гостинскиот тим на натпреварот, сепак со автомобили и автобуси дошле во Атина и кусо пред полноќ стигнале до стадионот на АЕК кој бил затворен, и предизвикале сериозни инциденти.

Навивачите на хрватскиот тим дејствувале по организиран план, ги нападнале навивачите на АЕК, но и обични граѓани кои биле во кафулињата во близина на стадионот во атинската населба Неа Филаделфија, при што 22-годишно момче било избодено со нож од хрватските хулигани и починало.

По трагедијата, засеге не е познато дали грчките власти ќе дозволат да се одржи мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…