Објавено на:

Трагедија во Србија: Петмина починаа откако паднаа во септичка јама

t

Во селото Топола, во централниот дел на Србија, вчера попладне се случи тешка трагедија на семејна фарма, при што пет лица го загубија животот. Според српските медиуми, трагедијата се случила кога еден маж паднал во септичка јама, а останатите членови на семејството се обиделе да му помогнат, но за жал и тие починале. Причина за смртта, според првичните информации, е гушење со амонијак кој се ослободил од јамата.

Четири лица починале на самото место, додека петтата жртва — жена која била во критична состојба — подоцна им подлегнала на повредите во болницата во Аранѓеловац.

Меѓу загинатите се дедото, бабата, синот, внукот и еден сосед на семејството. Најмладиот меѓу нив бил 20-годишниот Филип Јокиќ, студент на Економскиот факултет во Крагуевац. Факултетот се прости со него со емотивна порака, нарекувајќи го неговото заминување „голема загуба не само за семејството, туку и за целата академска и локална заедница“.

Оваа трагедија уште еднаш ги потсетува граѓаните на опасностите од нехигиенски и небезбедни услови во домашните септички системи и потребата за внимателност и професионален пристап во случај на вакви инциденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…

„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…