Објавено на:

Трагедија во Струмица: 22-годишно момче убиено во крвава пресметка меѓу две семејства

t

22-годишно момче вечерва е убиено во Струмица во тепачка меѓу две семејства, во која има и повредени две жени и шеснаесетгодишно дете.

Веста за медиумите ја потврди директорката на струмичката болница, д-р Катерина Кузмановска, која информираше дека момчето било прободено и било донесено мртво во болницата, додека повредените се надвор од животна опасност.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, пријавен e инцидент на улица „Бетовенова“ во Турското Маало во градот, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Повеќе информации за овој трагичен случај од полицијата најавуваат за утре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца полицајци нападнати во Липково

Двајца полицајци вчера биле нападнати во Липково.…

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…

Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…

Дете со тешки повреди пренесено во болница,…

На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…

19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…

Тинејџер на возраст од 19 години вчера…