Објавено на:

Трагедија во Хрватска: жена отишла на капење со семејството, се удавила

t

Жена вчера се удавила во езерото Трстеник кај Загреб откако со семејството отишле да пливаат, пренесува „Дневник.хр“.

Мажот, со помош на очевидци, успеал да ја извлече жената на брегот. Повикал итна медицинска помош, но жената починала на самото место.

„На телото не се забележани повреди кои би укажувале дека смртта настанала како последица на кривично дело. Телото е пренесено во Заводот за судска медицина и криминалистика во Загреб“, соопштија од загрепската полиција.

Со цел да се избегнат слични трагични настани, полицијата во соопштение ги потсети сите граѓани да се капат само на обезбедени плажи.

Исто така, препорачаа да не се плива најмалку еден час по оброк или по консумирање алкохол.

„Една од најчестите грешки, која ја прават многумина, е влегување во вода веднаш по оброк. Исто така, консумирањето алкохол е еден од главните ризични фактори кај давењата, и кај млади и кај возрасни луѓе. Друга честа грешка е влегување во вода по долго изложување на сонце за разладување. Секогаш треба постепено да се влегува во водата, за организмот да има време да се прилагоди, без разлика колку е топла водата. Во спротивно, телото може да доживее шок при контакт со студена вода“, наведува полицијата.

Тие предупредуваат и да не се скока во вода со непозната длабочина поради можни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…

Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…

Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…

Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…

Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…

Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…