Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа откако скокнаа од карпи во морето
Три момчиња загинаа на плажа во близина на Тарагона во шпанската автономна заедница Каталонија, каде што беше подигнато жолто знаме за предупредување поради високите бранови, соопштија властите.
Несреќата се случила во петокот, кога група од шест момчиња скокнале во морето од карпите.
Тројца успеале да се вратат на брегот, а тројца ги извлекле спасувачите.
12-годишното момче починало на местото на настанот и покрај обидите да го реанимираат.
Двајца 13-годишници биле однесени во болница, каде што починале и покрај укажаната помош, објавија регионалните служби за итни случаи.
Премиерот на Каталонија, Салвадор Иља, на платформата Икс објави дека е „длабоко тажен“.
„Немам зборови во овој момент за толку голема болка. Сакам да им ја пренесам мојата топлина, љубов и поддршка на семејствата и пријателите на момчињата, како и на целиот спортски клуб Ла Флореста“, рече тој.
Градската администрација на Тарагона прогласи тридневна жалост.
– Не треба да се преземаат непотребни ризици. Во никој случај не треба да се скока од карпите – рече градоначалникот на Тарагона, Рубен Винуалес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападната мајката на Александар Вучиќ – ја…
Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, била…
Во сообраќајка загина 58 годишник од струмичко…
МВР информира дека рано утринава околу 02:00…
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…
Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…
До 12 часот во Србија гласале 34,55…
До 12 часот гласале 34,55 отсто од…