ТРАГЕДИЈА КАЈ КАМЕНИЦА: Маж го загуби животот откако си ја запалил куќата, па скокнал во базен
Регионалниот ЦУК Штип информираше дека има една човечка жртва при пожар на куќа во с. Косевица, во месноста „Реката“.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица денеска во периодот од 07:20 часот до 10:35 часот интервенирале на пожар на запалена куќа во с. Косевица, во месноста „Реката“. Интервенирано е со две протипожарни возила.
Материјалната штета, според неофицијалните информации, била голема, велат од ЦУК.
Објаснуваат дека причина за пожарот е намерно палење на куќата од страна на жртвата што била во негова сопственост. Според првичните информации од терен, жртвата по палењето на куќата, и самата зафатена од пожарот се фрлила во базен во којшто и починала.
Точната причина за смртта ќе се знае по истрагата.
Моментално, на лице место, се врши увид од страна на надлежни органи и институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран
Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…
Во недела протест во Скопје по пресудата…
Во недела, 27 септември, во 14 часот…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…