Трагедија! Маж го загуби животот во пожар

t

Во пожар кој избувнал денеска околу пладне во куќа во селото Рогле, Општина Желино, животот го загуби 78 годишник. Пожарот избувнал околу 11 часот и 45 минути, по што е пријавен во тетовската пожарна и полиција.

-Веднаш тргнавме со три противпожарни возила и осум пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, жителите ни рекоа дека внатре во куќата има постар човек и веднаш почнавме со гаснење на пожарот и влеговме во куќата каде за жал од чадот тој почина, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

СВР Тетово соопшти дека станува збор за 78 годишник со иницијали М.Р

– На местото на пожарот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот, информираа од СВР Тетово.

Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот целосно бил изгаснат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Мора да има одговорност за Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

ВЛЕН: Со „One Stop Shop” во Табановце,…

„Стапувањето во функција на системот „One Stop…

Мицкоски: Одлична вест, расте извозот, расте туризмот,…

Христијан Мицкоски вели дека растот на извозот…

Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување…

Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време…

Трамп ја олеснува победата на Русија во…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…