Тошковски: Мора да има одговорност за Кочани

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции.

– За жал, изминатата година ни се случи најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во „Пулс“ во која изгубивме 62 млади животи, а над 200 беа поредени. За разлика од минатото кога по такви трагични настани немало ниту една кривична пријава поднесено од МВР сега МВР почна најголема истрага досега која резултираше со поднесување на повеќе кривичи пријави против десетици сторители меѓу коишто има и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции. Одговорност мора да има, рече Тошковски, во отчетот за сработеното во изминатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…