Трагедија! На македонските патишта во првите шест месеци од годинава животот го загубиле 72 луѓе

t

На македонските патишта во првите шест месеци од годинава животот го загубиле 72 луѓе, од кои 26 загинале во јуни и јули. Според универзитетскиот професор за безбедност во сообраќајот Борис Мургоски во државава е неопходно подигнување на општествената свест и одговорност кај учесниците во сообраќајот, каде брзата и правилна реакција во одредени моменти е пресудна.

„ Во сообраќајот посебно како една динамична област каде што дел од секунди одлучуваат за состојбата од преземање на правилни или неправилни мерки и дејствија се случуваат овие состојби фатални, со фатални последици токму заради личната недоволна свест, одговорност, дисциплина и во најшироко кажано на несоодветна сообраќајна култура, “изјави проф. д-р Борис Мургоски.

Мургоски вели дека надлежните органи треба посериозно да постапуваат со сообраќајна инфраструктура, а тоа значи дека треба да се вложува во изградба на поквалитетни патишта и нивно одржување. Вели факт е дека на одредени делници низ државата има несоодветна патна сигнализација која возачите ги доведува во заблуда.

„ Има одговорни институции во рамките на одредени сектори и тие треба својата работа плански континуирано да ги решаваат за да не дојде во состојба да некој поради непреземање на дејствија да се доведе во состојба да не постојат соодветни сообраќани знаци, уредна, па и светлносна, за да ги доведеува возачите во заблуда навремено да не можат да ги прилагодат своите движења, “изјави проф. д-р Борис Мургоски.

Во просек според статуистиките бројот на жртви на годишно ниво е во просек од 120..минатата година црниот биланс на сообраќајни несреќи бележи 124 загинати, а во 2021 година имаше 116 жртви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва предлага пакт со НАТО

Русија би можела да склучи пактови за…

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…

Украина и Русија договорија размена на заробеници,…

Украина и Русија договорија поголема размена на…

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…