Трагедија на Халкидики: српски турист извлечен мртов од морето кај Сарти
Од морето во областа Сарти, на Халкидики, е извлечен 56-годишен српски државјанин, кој починал од давење, објавува порталот Grtimes.gr.
Според достапните информации, несреќниот маж бил извлечен од морето во несвест. На местото на настанот веднаш пристигнал спасител, кој му укажал прва помош и се обидел да го реанимира, но без успех.
56-годишникот бил пренесен со брза помош од Сарти во Здравствениот дом „Агиос Николаос“, каде што лекарите официјално го прогласиле за мртов.
Се очекува телото да биде префрлено во мртовечницата во Солун, каде што ќе се изврши планираната обдукција, која треба да ја утврди точната причина за оваа трагедија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…