Трагедија: Почина млад голман на црногорската фудбалска репрезентација
Црногорскиот фудбалски голман Матија Шаркиќ (26) почина во саботата во Будва, јавуваат црногорските медиуми.
Му се слошило во станот во кој престојувал, по што починал.
Шаркиќ пред неколку дена ја воодушеви јавноста со своите одбрани на пријателскиот натпревар со Белгија во Брисел, но после тоа го пропушти натпреварот против Грузија во Подгорица.
По натпреварот против Белгија, шпанска „Марка“ го истакна настапот на црногорскиот голман, пишувајќи во текстот дека „ѓаволите“ наишле на „ѕвездата Шаркиќ“.
Саркиќ кариерата ја започна во Андерлехт, играше за Виган, Астон Вила, Ливингстон, Вулверхемптон, Шрусбери, Бирмингем, Милвол и Стоук.
За репрезентацијата на Црна Гора одигра девет натпревари, а дебитираше против Белорусија во пријателски натпревар во 2019 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пешевски: Македонија може мирно да спие, во…
Пивотот на македонската ракометна репрезентација, Жарко Пешевски,…
Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…
Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…
Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…
Ракометна радост: Македонија ја победи Романија
Македонската ракометна репрезентација одигра натпревар со моќен…
ФИФА ранг листа: Македонија останува на 67…
Македонската фудбалска репрезентација останува на 67. позиција…