Трагедија – Скопјанка пронајдена мртва: Познат нејзиниот идентитет

t

На 13.04.2023 во 21:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„АСНОМ“, на подрачјето на Аеродром, била пронајдена почината М.Г.(45) од Скопје.

Според пријавеното, додека била во патничко возило „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, на М.Г. ѝ се слошило и починала.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка со тврд предмет го нападнала сопругот

Денеска (03.01.2024) во 04.20 часот во СВР…

Скопјанката која беше прјавена за исчезната, се…

На 01.01.2024 во 21.21 часот во Полициската…

Скопјанка брутално претепана од поранешното момче-ја влечел…

Вистинска голгота преживеала скопјанка која во средата…

19-годишна скопјанка претепана пред угостителски објект

Млада скопјанка била нападната пред угостителски објект…