Трагедија: Шестгодишно дете се удави на плажа во Грција, родителите се приведени
Шестгодишно дете почина вчера попладне на плажата Мегало Кавуриу во Атика.
Телото на момчето било извлечено од морето без свест и веднаш било префрлено во болница, каде лекарите, за жал, можеле само да констатираат смрт.
Според првичните информации, момчето било на плажа со родителите кои се приведени по трагедијата.
Тие се товарат за кривично дело загрозување на дете.
Засега не е познато како дошло до трагедијата, а наредена е обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…