Траги-комедија: Австралискиот премиер против одлуката на КФЦ да ја замени салатата со зелка, ама криза си е криза

t

Австралискиот премиер Ентони Албанез реагираше на „зелкагејт“, скандал што избувна поради одлуката на синџирот за брза храна KFC делумно да ја замени салатата со зелка во своите бургери и со тоа да скокне на галопирачката инфлација која ја покачи цената на зелената салата.

Албанез оцени дека одлуката на KFC половина од салатата во хамбургерите и другите производи да е замени со зелка е „луда“ и дека предизвикала „национална криза“.

Во земјата каде што инфлацијата е 5,1 отсто, цените на салатите се зголемија за 300 отсто во некои австралиски градови поради неодамнешните поплави и глобалните поскапувања на горивото. Само една главица зелена салата ајсберг, која некогаш чинела два австралиски долари (1,34 евра), сега изнесува речиси осум долари (5,35 евра) од Сиднеј до Мелбурн, пренесува Дневник.хр.

Затоа KFC на почетокот на неделата објави дека отсега неговите клиенти ќе мора да се задоволуваат со мешавина од зелка и салата во бургерите.

Таа одлука на KFC предизвика лавина бес на социјалните мрежи.

„Зелката не е исто што и зелената салата. Едноставно не е коректно“, објаснила самиот премиер на Австралија за радиото KIIS FM од Сиднеј.

„Ќе го ставам „зелкагејт“ на денешната седница на Влада!“, најавил премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија ќе назначи специјален советник за истрага…

Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој…

Тинејџерка избодела соученик во училиште во Перт

15-годишно девојче е обвинето дека избодело 16-годишно…

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…

Роберт Милошески стана прв советник со македонско…

Роберт Милошески на неодамнешните локални избори стана…

Јапонија ја покани Австралија да учествува на…

Јапонија денеска објави дека ја поканила Австралија…