Траги-комедија: ДУИ ги покани лидерите на сите парламентарни партии на прославата за 20 години власт

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги покани сите лидери на парламентарните политички партии во земјата, освен Левица, да ја одбележат 20-годишнината од формирањето на партијата.

Од ДУИ за „Слободен печат“ велат дека на настанот биле поканети и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Движењето Беса, Билал Касами.

Од Алијансата за Албанците за „Слободен печат“ потврдуваат дека добиле покана од ДУИ за 20-годишнината. Но, според партиски извори, лидерот Села нема да учествува на манифестацијата.

Од Движењето Беса во изјава за „Слободен печат“ велат дека Билал Касами се уште нема добиено покана за манифестацијата на 20-годишнината на ДУИ. Но како што брифират од оваа партија и да ја добие, ќе ја одбие со неучество.

Покрај лидерите на политичките партии во земјава, дознаваме дека на 20-годишнината на ДУИ се поканети и политички лидери од Албанија, Косово и Црна Гора.

20-годишнината ДУИ ќе ја одбележи со две големи манифестации во Скопје на плоштадот „Скендербег“ и во Тетово на плоштадот „Илирија“ на 3 и 4 јуни, каде ќе настапат естрадни уметници од Косово и Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…

Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме

ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…